Збирката „Татковиот анманет“ на стружанецот Димче Шипинкароски ќе биде промовирана утре во храмот „Свети Никола“ во Вевчани.

Промотори ќе бидат Христо Петрески, Мишо Китаноски и Веле Митаноски.

Збирката поезија е во издание на здруженето за литература, култура и наука „Бран“ од Струга, а рецезент е поетот Христо Петрески, кој Шипинкароски, го претставува како еден од новите современи македонски автори.

Покрај насловната песна, посветена на неговиот покоен татко, писателот, поет и есеист Петко Шипинкаровски, авторот, остава белег во македонската поетска ризница, со песните „Испустено огниште“ и „Голем ангелу од Небрегово“, посветени на Блаже Конвски, „Нож в грб“, посветена на Коле Чашуле, како и со бројните лирски записи, како во песната „Вака зјдвит сонцето во Струга“.

Димче Шипинкаровски е годинашен добитник на наградата „Антево Слово”, која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.

OhridNews