Промоцијата на книгата од академик Вера Битракова Грозданова и зборникот За и од Киро Глигоров, се предвидени на годинешната Научна и уметничка визита што од 7 август до 7 септември ќе се одржи во Охрид во организација на МАНУ.

На самото отварање на 7 август, во 19 часот, предвидена е Изложба на ракописи и епиграфски споменици: „Македонска писменост. Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото Царство под византиска власт (886–1018)“, од акад. Ѓорги Поп-Атанасов.

На 8 август, во 19 часот, ќе с еодржи „Полифонија и „Полифонисти“, заедничко предавање на акад. Луан Старова и акад. Васил С. Толе за две искуства: регистрацијата на изополифонијата на списокот на УНЕСКО на нематеријалното наследство и романот „Полифонисти“. 11 август во 20 часот ќе се изврши промоција на книгата „Лихнид и Десаретија“, од акад. Вера Битракова Грозданова.

На 15 август во 20 часот, ќе има оперски одзиви во изведба на Влатко Груески, тенор, и Андреј Наунов, пијано. На 19 август во 20 асот предвиден е поетски портрет на акад. Радован Павловски.

Активнсотите продолжуваат на 24 август во 20.30 часот со термин за „Струшки вечери на поезијата“, поетско читање.

Научната и уметничка визита ќе заврш на 27 август во 19 часот со одбележување на 25-годишнината од приемот на Република Македонија во ООН и промоција на зборникот „За и од Киро Глигоров“.

OhridNews