Денес во 12 часот на мини плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи промоција на четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“ во издание на Општина Охрид. Во книгата се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид.
Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени на Охрид.
Изборот, предговорот и редакцијата на изданието се на Славе Ѓорѓо Димоски, а уредник е Митре Велјаноски.
Настанот е дел од активностите за одбележување на деновите посветени на литературата за деца.
OhridNews