Со промоција на две нови книги денесжво НУ Библиотека „Григор Прличев“ на свечен начин ќе биде одбележан големиот јубилеј 85 години живот и творештво на познатиот новинар и публицист Славе Николовски – Катин.

Во Љубојно Славе го минува поголемиот дел од детството, од младоста, а се навраќа во него скоро цел живот. Катин таму има библиотека со околу 5.000 книги и македонска соба.
Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во Охрид, Скопје и Торонто. На македонската и на меѓународната јавност Каситн и’е познат по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на животот на Македонците во дијаспората, на науката, новинарството, религијата, културата, македонскиот јазик и литературата.
Денес од 11 часот во Библиотеката ќе бидат промовирани книгите: „Славе Катин – живот и дело“ и „Патувања околу светот“. Промотори ќе бидат новинарот и публицист Веле Митаноски и публицистот и истражувач Стево Томовски.
На присутните ќе им се обрати и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска.
Славе Николовски – Катин во август 2018 беше првиот добитник на тогаш воспоставената титула, Почесен член на Библиотеката во Охрид.
OhridNews










