Промоција на преводите на Есенин и Мајаковски од Славе Ѓорѓо Димоски
08.10.25 10:35
Утре во 20 часот во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп под наслов Поетски двобој: Есенин vs Мајаковски ќе се одржи промоција на книгите „Поезија“ од двајцата руски класици кои ги преведе Славе Ѓорѓо Димоски.
Препејувачот подвлекува дека во книгата на Есенин се застапени песни од неговата боемска фаза, кои повеќето не се препеани на македонски јазик, додека пак од Мајаковски се препеани песни од неговата предреволуционерна фаза, но нов препев е извршен и на неговите поеми: „Облак во панаталони“, „‘Рбатот – флејта“, „Љубам“ и „На Сергеј Есенин“.
Промоцијта е по повод 130 години од раѓањето и 100 години од смртта на Есенин и 95 години од смртта на Мајаковски.
Настанот е замислен како поетски двобој на двајцата вечни ривали во руската литература од првите децении на ХХ век преку читање на стихови низ кои ќе се проследи различноста во нивните поетики за да се истакне нивното поетско ривалство. Тоа е во адаптација и изведба на актери од прилепскиот театар, а за нивното животно и творечко ривалство ќе води разговор Звонко Димоски со Славе Ѓорѓо Димоски.
ГРК Охрид ја совлада екипата на Динамо Панчево 20:27, во полуфиналниот натпревар од 5тото издание на Турнирот “Вук Рогановиќ”, што се одигра вечерва во Белград Иванковиќ беше најефикас...
Во билтенот на СВР Охрид пријава за нападнат малолетник, брзо возење, одземени пари од обложувалница, пронајдена дрога, кривична за телесна повреда На 16012026 година во 18:25 часот, во СВР Охрид е...
Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препор...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.