Промоција на стрип книгата „Авантурите на Кико и Веки“ на Јордан Манасијески од Охрид ќе се одржи во четврток.

Се работи за издание на Стрип центарот на Македонија-Велес во склоп на Годишната програма на Министерството за култура на Република Северна Македонија за 2023 (сектор издаваштво).

Авторот е роден 1948 год. и има завршено Ликовно педагошка академија во Скопје во 1969 год. Тој уште од 1981 година црта стрипови со истите јунаци, информираат од Стрип центарот на Македонија-Велес.

Промоцијата ќе се одржи во Културно информативниот центар КИЦ „КУЛТУРА 365“ со почеток во 19 часот.

OhridNews