Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и оваа година од денес до 7ми март, заедно со туристичкиот сектор се дел од интернационалната саемска манифестација ИТБ Берлин 2024. Светската туристичка берза ИТБ Берлин ги отвори вратите за илјадници туристички посетители кои нудат атрактивни и иновативни туристички продукти со фокус на одржливи туристички дестинации, а со тоа и поддршка на локалното производство и локалната економија.

Германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 35000 туристички посети за 2023г. На репрезентативниот штанд кој ги отсликува туристичките дестинации во земјава директорката на Агенцијата за туризам, м-р Јасмина Лескаровска потпиша Меморандум за соработка со цел да ја обновиме комуникацијата со германската организација “ASR”- Алијанса на независни туристички трговци која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства, истакнуваат од АППТ.

Соработката е во насока на организирање на информативно патување во Македонија за сите заинтересирани туроператори од Германија кои ќе ја вклучат нашата дестинација во туристичките понуди за германските туристи, нагласуваат од АППТ.
OhridNews











