Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид денес во 12 часот ќе биде промовирана книгата – поезија „Зборовите гром и веда– совршенство или совршенство“ дело од роднокрајниот поет, писател и есеист Смиле Наумоски Брсјак.

Оваа книга тој ја создал во перидот од 2010 до 2018 кога се јавил на конкурсот што го распишува Министерство за култура. Книгата излезе од печат во почетокот на јуни 2019 година. Желбата на поетот беше во Библиотеката да направиме промоција на 25 март 2020, но заради Ковид пандемијата и забраната за собири, промоцијата не ја реализиравме, информираат од охридската Библиотека.

Додаваат дека заради зафатеност со творештво и други обврски на авторот а што ги создава животот, пред месец-два, за промоција ја одредивме утрешната дата.

За книгата ќе говори поетесата Маја Мојсова, а со неколку песни ќе ја претстават поетесата Алаксандра Димоска Алексијевска и, се разбира, авторот Смиле Наумоски Брсјак.

OhridNews