Денес во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе бидат промовирани книгите Филозофска Револуција I и II од Стефан Шорко.

Двете збирки содржат филозофски цитати и оригинални бисери на мудроста пишувани од лични искуства и приредени од покојниот д-р Миле Шорко и неговиот син Стефан Шорко, информираат од Библиотеката.

Промотори на книгата ќе бидат: д-р Јулија Василевска– психијатар и м-р Милчо Јованоски.

Настанот ќе започне во 12 часот и е од отворен тип и е дел од проектот на нашата Библиотека „За поубав свет“ поддржан од Министерството за култура и туризам.

OhridNews