Промоцијата на документарниот филм „Едно време, една генерација, едно училиште“ од авторот Љупчо Паункоски ќе се одржи на 06 август 2026 (четврток) со почеток во 19:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

Филмот низ автентични приказни и спомени оживува едно време, една генерација и едно училиште.

Доколку сакате да бидете дел од една вечер исполнета со спомени, емоции и вредно културно сведоштво, повелете и придружете ни се, велат од Секторот за култура при Општина Охрид.

Влезот е слободен.

OhridNews