Свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“ ќе се одржи денес во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 19.30 часот.
Во рамки на програмата предвидена е промоција на монографијата од Јордан Манасијески на која ќе се обратат историчарот на уметност Владо Ѓорески- Рафико и Љупчо Жупан од Галерија „Букефал“ како промотори.
Со поддршка од Лајонс клубовите од Охрид, настанот ќе има и хуманитарен карактер – продажба на графики. Дел од средствата кои ќе бидат собрани ќе се донираат за настраданите лица во несреќата во Кочани.
Со свои музички точки пред присутните ќе настапат познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски и женскиот хор „Акордис“.
OhridNews