По успешната промоција во Скопје и интересот што го предизвика меѓу љубителите на современата поезија, поетската збирка „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ од авторот Тони Попов ќе биде свечено промовирана и пред охридската публика. Настанот ќе се одржи на 17 ноември (понеделник) во 19:00 часот во Art’Caffe & Bar (поранешно Аквариус).

Промотор на книгата ќе биде писателот Јордан Коцевски, кој ќе говори за поетскиот израз на Попов, за тематските нишки што ја водат збирката, како и за интимната, носталгична и често болна чувствителност преку која авторот ги гради своите стихови.

Промоцијата во Охрид претставува можност читателите да се запознаат подетално со авторот и неговото творештво, да слушнат избор од песните и да учествуваат во разговорот за поетиката која веќе го привлече вниманието на книжевната јавност.

Издавач на книгата е Здружението „Креативна Верига“, а истото е финансиски поддржано од Министерството за култура и туризам. Влезот е слободен за сите љубители на поезијата.

OhridNews