Туристичките потенцијали на охридско –струшкиот регион и новите концепти на туристичка понуда во државава се презентираат на Саемот за туризам во Тирана кој се одржува од денес до 8-ми април.

Овој саем е еден од најважните настани на регионалниот туризам, кој има за цел да ја охрабри соработката и промоцијата на туристичките дестинации преку трговија, конференции и B2B средби, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот кои заедно со Општина Струга се дел од Саемот.

Додаваат дека на Саемот учесниците од различни земји го прикажуваат својот туристички потенцијал во различни категории, како што се: дестинации, сместување, агенции, поморски туризам, планински туризам, гастрономија итн.

OhridNews