Во рамките на научната и уметничка визита што се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид за денес предвидена е промоција на издание посветено на научноистражувачката работа на академик Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање од одделението за технички науки на МАНУ. Промоцијата е закажана денес во 13 часот.

На 27 и 28 август со почеток во 09:00 часот започнува синолошката конференција sino-balcanica пресеци на културите, јазиците и историјата на која ќе присуствуваат 30-тина еминентни гости.

На 27 август во 12 часот ќе се одржи поетска средба со истакнатиот црногорски поет Павле Горановиќ, член на ЦАНУ, која ќе се одржи следнава недела во 12 ч. во куќата Уранија на МАНУ. Предвидено е претставување на авторот и академик, читање на негови песни во превод на македонски јазик (Никола Маџиров, Игор Исаковски) и разговор со авторот, кој е и гостин на годинешиве СВП. Средбата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.

Научната и уметничка визита завршува со Охридската школа на природно право, препознавање и разбирање на организираниот криминал и корупција во контекст на владеење на правото, на центарот за стратегиски истражувања “Ксенте Богоев”при МАНУ, со подршка на амбасадата на САД.

OhridNews