На градскиот плоштад „Св.Климент“ Охридски“ денеска ќе биде промовирана заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат, „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“.

Целта е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста од градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На настанот кој ќе се одржи во 12 часот ќе присуствуваат претставници од СВР Охрид.

 

OhridNews