Денес ќе се одржи промоција на книгата „Охридски фолклористи” од авторите проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, уредникот на едицијата „Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски, промоторот проф.д-р Велика Серафимоска, како и настап на Митко Колјушевски -текстописец, автор, композитор, музичар.
Промоцијата ќе се одржи во спомен – куќата на Григор Прличев со почеток во 12 часот.
OhridNews











