Во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба денес ќе се одржи промоција на поетската збирка „Тие доаѓаат“ во издание на Општина Охрид.

Потоа ќе следи читање на поетски творби од страна на Христина Трпеска – директорка на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Розе Костеска – писателка за деца.
Книгата е создадена од учениците од основните и средните училишта во Охрид и станува збор за петто дело.
Промоцијата ќе се одржи во галеријата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 11:30 часот.
OhridNews











