Денес во 12:00 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе се оддржи промоција на збирката раскази „Млечни заби“ (Или-Или, 2021) од Хана Корнети.

Промотор ќе биде Глигор Стојковски, а модератор на настанот Милчо Јованоски. Ќе има читање, музика, коктел.

Корнети (1992, Скопје) има дипломирано паралелно историја и филозофија (ОДТУ, Анкара) и магистрирано културолошки студии (Сабанџи, Истанбул). Има добиено награди за расказ и пиеса. „Млечни заби“ е нејзино книжевно деби. Во декември се очекува да се објави нејзиниот прв роман за деца, „Илина и шумските тролови“.

OhridNews