Во 21 часот, во катедралната црква Св. Софија ќе настапи египетскиот пијанист Рамзи Јаса, кој е победник на неколку меѓу народни натпревари.
Настапувал во живо и на телевизија низ целиот свет, во сали како Бабрикан, салата на Берлинската филхармонија, Кенеди центарот, Ман аудиториумот, Музикферин, Пало, Тиволи, Театарот на Шанзелизе, Палатата на уметности… Добитник е Франц Лист комеморативниот медал по повод 100 години од смртта на композиторот.
Рамзи Јаса е канет да биде дел од жири на меѓународни натпревари во САД и Европа. Тој исто така учествува како изведувач и оратор за настани организирани од УНЕСКО. Освен активностите како изведува, тој е исто така и професор по пијано на Ецоле Нормале де Мусиљуе “Алфред Цортот” во Париз, каде што живее од 1977 година. Рамзи Јаса е уметнички директор на Интернационалниот музички центар во палатата Манастерли во Каиро, функција која ја извршува во последните седум години. Во 2007 тој стана првиот Египетски музичар-изведувач на кој му беше доделена државната награда за заслуги.