Четврта година по ред првиот интернет портал кај нас, OhridNews, ќе ја промовира годишната ревија на настани и ќе ги прогласи најдобрите приказни во 2017 година. Свеченоста, со која OhridNews ќе го заокружи одбележувањето на 11-годишнината од работењето, ќе се одржи вечерва во култниот охридски бар „Куба Либре“.

-Во годината што измина објавивме над 10.000 информации, во најголем дел авторски вести на нашиот професионален новинарски тим. Во Годишната ревија на настани отстапуваме простор за позначајните настани што ја одбележаа 2017 година. Празничните денови се идеално време за одмор од секојдневните обврски и потсетување на случувањата од изминатата година, кои ги спакувавме во Годишната ревија на настани 2017. – изјави главниот и одговорен уредник на OhridNews Горан Момироски.

Годишната ревија на настани на OhridNews, бесплатно ќе биде дистрибуирана до читателите.

OhridNews