Најпосетуваниот интернет портал во регионот OhridNews, на пригодна свеченост, што ќе се одржи денеска во „Cuba Libre“, ќе ја промовира годишната ревија на настани што ја одбележаа 2014 година.
– Во првата годишна ревија на интернет порталот OhridNews донесуваме хронолошки преглед на позначајните случувања во Охрид во 2014 година, се осврнуваме на успешните приказни и потсетуваме на минатото, за да не се заборави. Желба ни е сето ова да прерасне во традиција и затоа упатуваме голема благодарност до сите што го поддржаа овој проект и што веруваат во објективноста и професионалноста на нашиот медиум, кој веќе деветта година ужива најголема доверба кај читателите. Оваа хронологија на поважните настани во 2014, која наскоро ќе добие и електронска варзија, е празничен подарок за сите нив. – изјави Горан Момироски, главен и одговорен уредник на OhridNews.
На свеченоста ќе бидат прогласени најуспешните приказни во годината што измина во избор на редакцијата на OhridNews и ќе бидат врачени пригодни признанија.
Годишната ревија на настани на OhridNews, бесплатно ќе биде дистрибуирана до читателите.
OhridNews












