Промоција на книгата „Денационализацијата на Арм`ните“
03.03.07 16:58
Во присуство на гости и новинари, вчера во спомен куќата „Григор Прличев“ беше промовирана книгата „Денационализацијата на Арм`ните“ од Д-р Нико Попникола, писател од Битола. Промотор на делото беше д-р Константин Нича, а воведна реч одржа (и на македонски и на влашки односно армжнски) директорот на Завод и музеј Охрид – Јордан Трца, Влав (Арм`н) по националност.
70-годишниот Попникола бил инспириран, подобро речено испровоциран од негрижата на македонската држава за ова малцинство.
„Во Македонија 60 години постои Институт за национална историја, а тој институт не напишал ни шеесет страни за Власите односно Арм`ните, нивното потекло или историја. За отворање школи на мајчин јазик или слично не станува збор. Со тоа сметам дека се врши еден перфиден етноцид врз Арм`ните, нивна асимилација. Преку нашата претставничка во парламентот на Македонија, г-ѓа Кипаризова, ќе бараме измена на Уставот, официјализирање на називот Арм`н(и), како и поголема застапеност во сите сфери од живеењето“, изјави Попникола. Според пописот од 2002 година во Македонија како Власи односно Арм`ни се изјасниле 9 695 лица што според Нико Попникола не е реална бројка, бидејќи од организаторите на пописот е „извршен класичен фалсификат“, со намера бројот на Арм`ните да биде помал, во корист на мнозинскиот македонски народ.
Сепак и самиот автор признава дека дел од вината за ваквата засилена асимилација лежи и кај Арм`ните кои од разни причини (интереси) се „пишуваат Македонци“.
Освен Јордан Трца, на промоцијата присуствуваа и други познати Власи (Арм`ни) од Охрид како Анита Кипаризоска, пратеничка во парламентот, Никола Манески од ЛЕР и др.
Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Пле...
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот Кристалната чисто...
Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, соопшти Општина Охрид Дијана Петрова е родена во 1992 година во ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.