Во понеделник, во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ , со почеток во 17.30, ќе биде промовирана книгата „ Кохезија, Колизија на Човековата Визија“ од авторката Маја Мојсова.
Книгата, која е пишувана на македонски и англиски јазик, претставува избор на стихови од страна на авторот од целокупното лично творештво, 18 години активно пишување поезија и проза.
Маја Мојсова е родена во Скопје, а последните 10-на години живее во Охрид.
Авторот има широк опус на напишани дела, поезија (песни, поеми) и проза (раскази, кратки раскази, стихови во проза, роман), кои се очекува наскоро да бидат издадени.











