На 23 август , петок, со почеток во 20 часот , во „Лапидариумот“ на куќата на „ Робевци “ Н У Завод и Музеј – Охрид ќе ја промовира книгата „Сликарството во Охрид во 20 век“ од Јорданка Матова.
Оваа книга е четврта нејзина поголема публикација по објавените во 2001 година монографијата за уметникот Јоне Симонче, во 2008 година монографијата за скулпторот Стефан Нестороски и во 2010 година монографијата за Андон Дуко.
Публикацијата за современото сликарство на дваесетиот век во Охрид ги сублимира уметниците од првата, втората и третата генерација. Матова истакнува дека во овој приказ за современото охридско сликарство се обработени сликарите кои најактивно се искажале во творештвото и нивните дела се наоѓаат во збирката на уметнички дела во НУ Завод и Музеј.Оние кои не се опфатени поради редица објективни околности,ќе бидат предмет на понатамошни истражувања.
35 годишното творештво на Матова опфаќа повеќе публикации од областа на музеологијата , изложби , подготвени каталози на реномирани охридски,македонски и уметници од бившите југословенски простори.
OhridNews