На годинешната, традиционална книжевна и културна манифестација предвидени се голем број промоции, трибини, разговори, средби со писатели, попусти на книги и слично. Меѓу другите содржини, ќе се извршат и промоции на романот “Лифтот (не) е за двајца“ од Христо Петрески, изборот со драмски текстови “За само еден ден“ од Трајче Кацаров, “Антологијата на јапонската хаику поезија“ од Петко и Наташа Дабески, како и новите книги од Јордан Плевнеш, Душица Илин, Панде Манојлов, Билјана Станковска, Луси Караниколова, Зоран Пејковски, Петко Шипинкаровски и други македонски автори.
За време на “Фестивалот на чајот и читањето“, ќе биде соопштена и одлуката за годинашниот добитник на меѓународното признание “Златен прстен“, кое се доделува за книжевен опус на истакнат автор од земјата и странство.