Туристичките потенцијали, културното и природното богатство на Охрид, денеска ќе биде презентирано  во седиштето на Европската Унија, Брисел. Туристичката презентација  ќе започне  во 20 часот,  во просториите на Македонската амбасада во Брисел, а според најавите истата треба да  ја посетат голем дел од Европските парламентарци, како и голем број на белгиски туроператори и туристички агенции.


Покрај предавања,  презентација на печатени материјали и видео записи за Охрид, Македонската амбасада ќе организира и дегустација на храна и вино од македонското  поднебје, со традиционална македонска музика. 

Презентацијата на Охрид,  е организирана на барање на Амбасадата на Македонија во Белгија. Од таму велат дека голем интерес кај белгиските туроператри, предизвикал промотивниот текст за Охрид,  насловен како  “Седумте чуда на Охрид”, кој беше објавен во новогодишното издание на престижниот магазин “The Parlament”.

OhridNews