Управата за јавни приходи и ЈП Службен весник на РМ, денес, го промовира најновото издание на „Прирачник за примена на даночните прописи во Република Макдонија“.

Оваа публикација, која е заеднички труд на двете институции, претставува збирка на интегрални-редакциски пречистени текстови на Законот за данок на добивка, Законот за данокот на додадена вредност и Законот за персоналниот данок на доход, вклучувајќи и водич за нивна правилна примена со објаснувања и практични примери.

Со оваа најнова публикација, ЈП Службен весник и УЈП им излегоа во пресрет на сите заинтересирани даночни обврзници, стручната јавност, консалтинг куќите и сметководствените бироа, кои имаат потреба од толкување за правилна примена на одредбите на дел од законите кои ја регулираат даночната материја.

OhridNews