Во среда во 18.00 часот во Центарот за култура „ Глигор Прличев“ ќе се изврши промоција на проектот „Како да успееме “  во кој учествуваат ученици од економското училиште под менторство на професор Весна Карамитре и бизнис заедницата.

Проектот започна во месец септември и се одвиваше со истражување на локалниот пазар на идолите на учениците – успешни претприемачи ,со правење интервју со нив и изготвување на есеи со нивните бизнис приказни.

Целта беше учениците да дознаат како тие стигнале до успехот,за да создадат визија како и тие да станат успешни.

Бенефитот на овој проект се состои во развивање на социјални вештини,способност за комуникација и убедување,канализирање на младоста низ позитивни активности,вградување во свеста на младите дека и во нашето опкружување постојат успешни луѓе,создавање на чувство на професионална ориентација и напредување во образованието,развивање на самодоверба и др.

Реализирањето на проектот ќе се заврши со отворена средба на учениците и нивните идоли и врачување на потврда за нивниот успех и учество во проектот.

OhridNews