Утре, 13- ти мај, во 20 часот, во Културно информативниот центар „Култура 365“,ќе се изврши промоција на стихозбирката „Бели утра“ од струшкиот писател Петко Шипинкаровски.
Промотори на новата поетска книга на Шипинкаровски ќе бидат Мерсиха Исмајлоска и Тоде Илиевски, а стихови ќе чита Лидија Размоска.
Петко Шипинкаровски досега има објавено шест романи, две романизирани монографии, книгата раскази „Залезнина“ и монодрамата за Толе Паша. Застапен е исто така во повеќе публикации и прилози. „Бели утра“ е негова четврта поетска збирка. Главен и одговорен уредник е на списанието за книжевност „Бранувања“ што се објавува во Струга.











