Во рамки на „Првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам”, попладнево, во Универзитетот за информатички науки и технологии „ Св. Апостол Павле“беше промовиран 3Д проектот за реконструкција на трибродната базилика на Плаошник.

Во изработката на проектот учествуваа студенти и професори од “Св. Апостол Павле”, како и вработени од Завод и музеј-  Охрид под менторство на светски познатиот археолог, Владо Маленко.

– Создавањето на 3Д модели и виртуелна реалност со помош на графичка техника (3D, MAX, MAYA) постанува еден од најактуелните методи за документација на археолошкото наследство, но исто така и за промоција на културното наследство пред јавноста,изјави Јане Бакрески еден од менторите на проектот.

На презентацијата, пред присутните  се обрати и Абасадорот и Ректор на Универзитетот Есра, Јордан Плевнеш, кој го подржа проектот и изрази желба за соработка помеѓу двата универзитети.

Покрај презентацијата и обраќањата на говорниците, на овој настан беше промовиран и документарен филм кој го отслика процесот на креирање на проектот „3Д археологија“.

OhridNews