“Збогум најмила“, првиот соло албум на охриѓанецот Ѓоко Танески синоќа беше промовиран во елитниот хотел  Александар Палас во Скопје . На промоцијата присуствуваа околу 250 гости. Меѓу нив многу колеги на Ѓоко, Биба Додева, Елена Ристеска, Ламбе, Фани, Кристина Арнаудова …како  и многу други  познати фаци од јавниот живот.

Атмосферата на промоцијата на која Ѓоко Танески изведе неколку нумери во живо,одлична.


од промоцијата на деби албумот на Танески

На првенецот на Ѓоко Танески ќе се најдат сите  музички нумери кои ја одбележаа неговата десетгодишна кариера. Меѓу нив е и победничката песна од “Охрид фест“. На пет песни како автор е потпишан Роберт Билбилов.


конечно прв албум – Ѓоко Танески

Излегувањето на “Збогум најмила“  го овозможија  неколку спонзори ,  на кои Ѓоко Танески им се заблагодари, но како што рече самиот, во издавањето на албумот најмногу инвестирал тој. Обожователите на Ѓоко Танески деби албумот ќе можат да го купат на продажните места на “Време“ по симболична цена од 100 денари.

Н. Цветанов
Г. Момироски