Охридската  група “HARDFACED” синоќа  во клубот “Кастро“ во Скопје  го промовира својот деби-албум “More Than Hate”. Групата одржа и концерт на кој беше отсвирен целиот материјал од деби албумот.

Обожавателите на “HARDFACED”  албумот”More Than Hate ” ќе можат да го купат по цена од 150 денари.


Охриѓаните “HARDFACED”

Групата “ХАРДФАЦЕД” постои од 2004 година. Нивниот прв настап беше на “Rock fest 2004”, каде следната година станаа победници во избор на жирито. “HARDFACED” учествуваа и на “Luzer Fest”, а имаат и неколку заеднички настапи со повеќе домашни  и бендови од соседните земји.