Во организација на локалниот Атлетскиот Клуб “Скок“ во Куманово се одржа атлетски натпревар со што беше промовиран новиот атлетски стадион кој беше официјално пуштен во употреба пред неколку дена.


Атлетскиот стадион има круг од 200 метри со 4 патеки (6 во финиш рамнината) на кој е поставена најсовремена тартан подлога, и покрај тркачките дисциплини има борилишта за ѓуле, далечина, троскок и скок во височина, и треба да се напомене дека стадионот е исклучиво само за одржување на атлетски дисциплини.


Стадионот е опремен со комплетна опрема (стартни блокови, пречки, душек, семафори и други реквизити), а целата инвестиција е на Општината Куманово.


Атлетската федерација на Македонија го поздравува овој потег на Општината Куманово со што  придонесува за развој на атлетиката во Куманово и во Македонија.


– Се надеваме дека овој чекор ќе го следат и другите општини во Македонија и ќе се изградат повеќе вакви или слични атлетски стадиони, што еден од предусловите за развојот на атлетиката – велат од федерацијата.


Ohridnews