Како што истакна министерот, бенефитите од видео агрегаторот, се брза и ефикасна и прецизна достапност, олеснување во изучување на материјалот за учениците и олеснување на начинот за предавање на лекциите за наставниците. Неговото користење на њњњ.едувидео.мон.гов.мк е неограничено.
– Идејата на постирање на овие видеа е едноставна. Секој наставник, кој има добиено веќе лозинки од страна на системот за користење на е-дневникот, можат да пријавуваат видеа на видео агрегаторот. Потоа видеото, откако ќе биде пријавено, ќе биде евалуирано од страна на комисија составена од членови на бирото за образование и Министерството за образование и доколку е одобрено истото може понатаму да се користи од страна на сите ученици во државата, изјави Кралев.
Со неговото користење постои и огромна можност професорите да постават и сопствени видео лекции за одредени теми. За таа цел од денес ќе се организира конкурс за професор со најдобро реализиран час со помош на видео-агрегаторот и конкурс за професор со најголем број поставени линкови од видеа, преку кој првите 20 наставници кои ќе објават над 10 линкови на софтверот ќе добијат сертификати од МОН за нивниот придонес во развојот на образованието.