Во лаунч барот Објектив, вчеравечер, беше промовиран првиот охридски коктел „Еден бисер“. Иницијативата за креирање на авторски коктел е на Туристичкиот кластер на Југозападна Македонија „ЕДЕН“, кој функционира веќе четири години и во кој членуваат околу 40 приватни фирми.
Коктелот се служи во мартини чаша, а има боја која асоцира на бојата на езерската вода. Лажичката за мешање на состојките во коктелот е со оригинален дизајн и е изработена од страна на познатиот изработувач на Охридски бисер, Михајло Филев.
Секој кој ќе го порача коктелот ќе добие и сертификат за оригиналноста на охридскиот бисер и автентичноста на коктелот, кои потоа ќе може да ги задржи како сувенири.
Цената на коктелот ќе биде 240 денари и ќе биде иста во сите угостителски објекти – членови на кластерот, во кои ќе се служи коктелот.
OhridNews