
„Барајќи работно место, и тие, покрај останатите документи треба да достават кратка биографија, мотивациско писмо, но и да отидат на интервју кај потенцијалниот работодавач. За да им помогнеме при вработувањето денеска промовираме прирачник преку кој младите луѓе со оштетен вид ќе можат да се запознаат со стратегиите за барање работа, рече Ристовски.
Ристовски истакна дека преку ваквите проекти се уриваат стереотипите за луѓето со оштетен вид, и за сите кои имаат некаква попреченост. Додаде дека се дава до знаење дека и тие можат да ги завршат поставените работни задачи, некогаш дури и подобро од останатите вработени.
„Затоа нашата цел е на овие лица да им го поедноставиме процесот на барање работа, но од друга страна и да ја подигнеме свеста кај бизнис заедницата, институциите и граѓанските организации за ангажирање лица со попреченост во работниот процес со што ќе ја исполнат својата морална и општествена одговорност да помогнат во нивна интеграција во социјалната средина и во јакнењето на нивната економска самостојност“, рече Ристовски.
Прирачникот е испечатен во 150 примероци.
OhridNews












