Во рамки на проектот „ За сите деца“, што се реализира во општини во кои има група во предучилишните установи каде наставата се реализира на турски јазик, во ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, денеска со пригодна приредба, беше промовиран проектот „ БОНТОН“- однесувај се убаво и пристојно.
Носители на проектот се ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , Секторот за образование при Локалната самоуправа и СВР Охрид, а дел од него е и издавањето на прирачникот „ Ѕвони ѕвон за бонтон“, преведен на турски јазик. Прирачникот го промовираа децата од турската група во детската градинка „ Росица“.
Заменик градоначалникот Ангел Јанев, во рамки на денешните активности, во просториите на локалната самоуправа оствари и средба со тимот од проектот „ За сите деца“.
OhridNews















