Минатата седмица во охридското кафуле „Кадмо“, беше одржана промоцијата на првиот видео-запис на Боби Мојсоски за песната  „Те краде тој“,(музика: Лазар Цветкоски, текст: Огнен Неделковски) кој беше режиран и во продукција на Даниел Јовески.


Промоцијата беше одржана пред голем број пријатели, музичари и претставници на медиумите. На почетокот, Боби кратко се заблагодари на сите оние кои учествуваа во создавањето и реализацијата на овој проект, а потоа премиерно беше пуштен видео-записот.