
Сценариото и режијата на спотот се на Душан Дракалски. Тој бил сниман пет дена на познати локации на Плаошник, селото Трпејца, Св. Наум, Св. Бородица Перивлепта, стариот град и куќата на Робевци… Во изработката на спотот била вклучена 70-члена екипа, а вкупниот буџет е 80.000 евра.
Спотот е изработен во две верзии за кои музиката ја подготвија композиторот Дуке Бојаџиев и групата „Фолтин“. Во него се појавуваат Мето Јовановски, Каролина Гочева и Николина Кујача.
Во рамки на кампањата „Македонија вечна“ ќе бидат изработени уште два тематски спота – за македонското вино и за археологијата во Македонија.











