Синоќа  во центарот за култура “Григор Прличев “ беше промовиран зборникот “Политички затвореници 1945- 1990 година“. Авторот на делото  е Никола Андоновски кој бил еден од политичките затвореници. 
-Во самиот зборник се третирани исклучиво професионални акти, пресуди и валидни документи  кои сведочат за прогонствата  па и затворањата на сите луѓе кои се бореа за слободна  и независна Македонија и биле опоненти на   комунистичкиот режим на бивша Југославија. Трудот за прв пат е публикуван во 2005 година. Истиот не е создаден со намера да се заработи  од него туку,  со донации  на фирми до Граѓанското  Здружение на некогашните  политичките затвореници, да  стане достапно до сите охриѓани, вели авторот Андоновски   
Два примероци од книгата се подарени на градската библиотека “Григор Прличев“. Печатењето на зборникот е финансирано од Министерството за Култура, а вечерва книгата бесплатно ќе се дели на сите присутни кои меѓу другото ќе ја разгледаат изложбата со историски документи кои говорат за македонската историја. 
OhridNews