Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја промовираше бесплатната телефонска линија 0800-11-011 за помош на новинари за известување во случај на закани, напади и насилство кон новинарите.

Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдстајн рече дека секој новинар кој ќе се соочи со закана или опасност или се најде во непожелна ситуација ќе може да се обрати кај обучените оператори од Синдикатот и ќе добие насоки како да се заштити, и како да го пријави нападот.

Петседателот на ССНМ, Ѕвездан Георгиевски истакна дека при пријавување на напад на бесплатната телефонска линија (0800-11-011) Синдикатот нема само да го регистрира настанот, туку ќе овозможи и помош поврзана со пријавувањето на насилството до соодветните институции, совети за како да се одбранат во дадената ситуација, како да реагираат на заплашувања итн.

Во рамки на проектот помеѓу Мисијата и Здружението на новинари (ЗНМ) беше предадена донација од елеци и заштитни капи за новинарите која ќе биде дистрибуирана до сите членови на ЗНМ.

OhridNews