Членови на Иницијативниот комитет за основање на партијата Граѓанска демократска иницијатива – ГДУ, денеска се сретнаа со граѓаните на Охрид. Балканскиот Ерусалим е третиот град по Куманово и Кичево, што беше посетен од активистите на ГДУ.

 

Членовите на иницијативата ги запознаа охриѓани со основните цели и принципи на Граѓанско Демократската Унија и со нив разменуваа мислења и идеи.

-Основна цел на иницијативата е демократски развој на Македонија и пред се зацврстувањето на граѓанското општество, истакнаа од ГДУ.

По Охрид „караванот“ на ГДУ ја посети Битола.