Како што беше истакнато од страна на промоторите на книгата, „Охридската гимназија“ е важно дело за сите нас, затоа што дава слика за една институција, една од најважните и најсвети во Охрид.
Преку долгогодишната истражувачка и научна работа, проф. д-р Павле Митрески со книгата „ Охридската гимназија“ ќе остане како вреден спомен за идните генерации кои доаѓаат,како вистинско богатство на факти и податоци за сите оние кои преку книгата ќе дознаат нешто повеќе за историјата на гимназијата.