Во присуство на мал дел спортски работници од Охрид промовирана беше монографијата “ 90 години фудбал во Охрид“ на Димче Стојкоски – Лепиот.  Оваа монографија е продолжување на претходно издадената “85 години од фудбалот во Охрид.“

–    Во книгата има доста информации за фудбалот во Охрид.Најважната споредна работа фудбалот е страст и магија, а Охрид заслужува да има повеќе пишани дела, и од тие дела да се прави разлики на времињата. Книгата, љубовта и историјата имаат свој почеток но не и свој крај.  Јас сите овие информации успеав да ги соберам благодарение на сите љубители на фудбалот. Не ми беше никаков проблем да ја составам оваа книга, бидејќи фудбалот е мојот живот – потенцираше Стојкоски.

Благодарност но и добро здравје му посакаа присутните на авторот со желба и за наредниот јубилеј да изготви ваква монографија.

М.П.