„Форца Египќани“ е името на новата невладина организација, која вчера официјално беше промовирана во Охрид. Претседател е Петрит Хусеин, а седиштето на организацијата е во мини базарот кај градското пазариште. НВО „Форца Египќани“ќе им нуди бесплатна правна помош на Египќаните и сите граѓани, како и економски совети, информираат од невладината организација.


Петрит Хусеин – НВО „Форца Египќани“

Истовремено беше потпишан  Меморандум за соработка со НВО „Светла Иднина“, која ќе биде носител на заеднички проекти.

OhridNews