На свеченост што се одржа денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, беше промовирана новата генерација од 528 полициски службеници.

-Уверен сум дека обуката ве подготви да ги извршувате задачите најдобро што можете. Секоја задача што ќе ја добиете ќе биде важна зашто е во служба на заштитата и на услуга на граѓаните. Зашто е во насока на заштита на правото и правната држава. Извршувајте ги вашите обврски со интегритет и видлива компетенција за да бидете пример и да ги охрабрите другите во оваа благородна и одговорна мисија. Така лично ќе ја стекнете довербата на граѓаните и на тој начин ќе учествувате и во подигањето на довербата на граѓаните во полицијата. – истакна премиерот Заев.

-Очекувам дека знаењата и вештините што ги стекнавте изминатава година преку интензивна обука, брзо ќе ги примените во организационите единици каде што ќе бидете распоредени, дотолку повеќе што полицијата има и тоа како потреба од млади и нови луѓе, амбициозни и волни за професионален развој и напредок.-истакна Спасовски.

OhridNews
Фото: МВР












