
Како што беше истакнато, најголем дел од жртвите на трговија со луѓе се млади кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, на што државата ќе посвети посебно внимание.
За реализација на четиригодишната стратегија ќе бидат издвоени 9.3 милиони денари. Ќе се формираат локални комисии за трговија со луѓе во соработка со единиците за локална самоуправа, а ќе се воспоставуваат мобилни тимови на локално ниво за идентификација, поддршка и помош на потенцијални жртви и ризични групи.
Според податоците на МВР оваа година евидентирани се осум жртви на трговија со луѓе, од кои четири се малолетни лица.












