На почетокот на оваа недела беше промовирана новата песна „Don’t you know“ на младите музички надежи Константин Марковски и Симеон Коруноски.

Kortexx е продуцент и DJ од Битола кој зад себе има повеќе настапи во регионот, како и во Хрватска на фестивалот Showderica. Тој е добро познат по енергични сетови како и настап пред светски познатите диџеи Afrojack и Hardwell. 

Симеон Коруноски зад себе има освоено 3то место на Casting Talent Show, како и прво место на бугарскиот фестивал „Златен Кестен“.

17 годишните таленти очекуваат „Don’t you know“ да стане летен хит кој ќе ги донесе до врвот во нивните кариери.

OhridNews