Во Националната Филхармонија во Скопје денеска се одржа промоцијата на збирката песни и раскази „Моето патување во Фантазија“, книга која во себе ги содржи творбите на 80 ученици од второ до четврто одделение од голем број училишта од целата земја, како резултат на конкурсот за избор на најдобри раскази и песни на темата од која е изведен и насловот на збирката „Моето патување во Фантазија“.

Темата произлезе од предновогодишниот настан „Писмо од Фантазија“ во декември минатата година, кога премиерот Заев на децата во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ им го прочитал писмото од претседателот на Фантазија и се договориле да биде објавен конкурс за раскази и песни што ќе ги напишат децата на темата „Моето патување во Фантазија“. Целта е објавување во книга со која децата од нашата земја ќе помогнат да се победи големиот змеј Ништо кој се закануваше да ги уништи детските јунаци од земјата Фантазија.

Збирката раскази и песни „Моето патување во Фантазија“, како заеднички успех на сите деца што ги испратија своите творби да бидат објавени во неа, создаде нови јунаци и жители на Фантазија за кои ќе читаат врсници на детските автори, бидејќи книгата ќе биде дистрибуирана во училишните библиотеки.

OhridNews