Новата социјалдемократска партија на Македонија од Охрид денеска пред новинарите ја претстави медиумската кампања за претстојните локални избори.
„ Вие сте важна карика, и сакавме кампањата први да ја видите токму вие. Сметаме дека она што ние ќе им го понудиме на граѓаните на Охрид е различно од досегашните ветувања“, рече на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Охрид, Ацо Попоски.

Промовирани медиумските спотови на НСДП
Попоски кажа дека тимот на НСДП работи напорно и неговата цел ќе биде препородување на Охрид.
„ Имаме луѓе кои не се партиски војници туку се познати и признати во својата област. Ние сме единствени кои што понудивме жена за носител на советничката листа“ изјави Верица Хајба, првиот кандидат за советник од оваа партија. Хајба подвлече дека во кампањата на НСДП нема да преовладува политиката, туку, како што рече, желбата на овој тим, од Охрид да направи убав и модерен град.
НСДП денеска најави дека во рамките на изборната кампања освен прес-конференциите, ќе се одржат и неколку трибини.
А.Р.











